Колосјаните 2:11-17 MK2006D

11 во Него сте и обрезани преку нера­котворено обрезание, откако го соб­ле­ковте гревовното тело на плотта преку обрезанието Христово;

12 откако се погребавте со Него во крштевањето, во кое заедно со Него и воскреснавте преку вера во силата на Бога, Кој Го воскресна од мртвите.

13 И вас, кои бевте мртви во гревовите и во необрезанието на вашето тело, Тој заедно со Него ве оживи, простувајќи ви ги сите гревови;

14 извршувајќи го ракописаниот закон, кој со своите прописи стана наш непријател, кого Тој го зеде од средината и го прикова на крстот;

15 и, откако ја зграби силата од начал­ствата и властите, Тој ги изложи јавно на позор и славејќи ја во Себе победата над нив.

16 Па така, никој нека не ве осудува за јадење или пиење, или за некој празник, или за млад месец или саботи;

17 тоа е само сенка на она што доаѓа, а телото е Христос.