Колосјаните 3:11-17 MK2006D

11 Тука нема повеќе ни Елини, ни Јудејци, ни обрезани, ни необрезани, ни варварин, ни скит, ни роб, ни слободен, а сѐ и во сѐ е Христос.

12 И така, како избраници Божји, све­ти и возљубени, облечете се во мило­с­рд­ност, доброта, смиреност, кротост и долготрпеливост;

13 трпете се еден со друг и проштавај­те си. Ако некој има поплака на некого, како што Христос ви прости, така и вие направете!

14 А над сето тоа облечете се во љубов, која сѐ сврзува во совршенството,

15 и мир Божји да владее во срцата ваши, за што сте повикани во едно тело, и бидете благодарни!

16 Словото Христово изобилно нека се всели во вас; во секоја мудрост да се учите и да се советувате еден друг со псалми и химни, и со духовни песни, пеејќи Му на Господ со благодарност во срцата ваши!

17 И сѐ што правите со збор или со де­ло, правете го во името на Господа Исуса Христа, благодарејќи Му преку Него на Бога и Отецот!