17 И сѐ што правите со збор или со дело, правете го во името на Господа Исуса Христа, благодарејќи Му преку Него на Бога и Отецот!
18 Вие, жените, покорувајте им се на мажите свои, како што прилега во името на Господ!
19 Вие, мажите, сакајте ги жените свои и не огорчувајте ги!
20 Деца, на родителите свои бидете им послушни во сѐ, зашто тоа Му е благоугодно на Господ!
21 Татковци, не дразнете ги децата свои, за да не паѓаат со духот!
22 Вие, слуги, во сѐ бидете им послушни на своите земни господари по тело, слугувајте им не само пред очи како оние што сакаат да се умилкуваат на луѓето, туку во простота на срцето, со страхопочит кон Бога!
23 И сѐ што правите, правете го од душата, како за Господ, а не за луѓе,