22 Вие, слуги, во сѐ бидете им послушни на своите земни господари по тело, слугувајте им не само пред очи како оние што сакаат да се умилкуваат на луѓето, туку во простота на срцето, со страхопочит кон Бога!
23 И сѐ што правите, правете го од душата, како за Господ, а не за луѓе,
24 знаејќи дека како награда ќе добиете од Господ наследство, бидејќи на Господ Христос Му служите.
25 А кој врши неправда, ќе добие според неправдата своја; и нема да има пристрасност!