7 меѓу кои некогаш се движевте и вие, кога живеевте во тие пороци.
8 А сега и вие отфрлете сѐ од себе: гневот, лутината, злобата, хулењето, срамните зборови од својата уста!
9 Не лажете се еден со друг, зашто веќе го соблековте стариот човек заедно со неговите дела,
10 и се облековте во новиот, кој се обновува во познанието, според образот на својот Создател.
11 Тука нема повеќе ни Елини, ни Јудејци, ни обрезани, ни необрезани, ни варварин, ни скит, ни роб, ни слободен, а сѐ и во сѐ е Христос.
12 И така, како избраници Божји, свети и возљубени, облечете се во милосрдност, доброта, смиреност, кротост и долготрпеливост;
13 трпете се еден со друг и проштавајте си. Ако некој има поплака на некого, како што Христос ви прости, така и вие направете!