3 во свое време го јави словото Свое преку пораката што ми ја довери мене по заповед на нашиот Спасител, Бог,
4 до Тит, моето вистинско чедо по заедничката вера. Благодат, милост и мир од Бог Отецот и од Господ Исус Христос, нашиот Спасител!
5 Затоа те оставив во Крит, за да го довршиш несвршеното и во сите градови да поставиш презвитери, како што ти бев порачал:
6 ако е некој непорочен, маж на една жена и има деца верни, што не се укорувани за блудство или непокорност.
7 Бидејќи епископот, како Божји распоредник, не треба да е порочен, ни гневлив, ни пијаница, ни тепач, ни лаком за гнасна печалба,
8 туку гостољубив, доброљубив, трезвен, справедлив, свет, воздржлив;
9 кој се придржува до вистинското слово, онака како што е научен, та да биде силен и да поучува во здравото учење, и да ги побива оние кои се противат.