Тит 1 MK2006D

Поздрав

1 Павле, слуга Божји и апостол на Исус Христос за верата на Божјите избраници и за спознавање на вистината по побожноста,

2 со надеж за вечниот живот, што пред вечни времиња го вети Бог, Кој не лаже,

3 во свое време го јави словото Свое преку пораката што ми ја довери мене по заповед на нашиот Спасител, Бог,

4 до Тит, моето вистинско чедо по за­едничката вера. Благодат, милост и мир од Бог Отецот и од Господ Исус Хрис­тос, нашиот Спасител!

Задолженијата на Тит во Крит

5 Затоа те оставив во Крит, за да го довршиш несвршеното и во сите гра­дови да поставиш презвитери, како што ти бев порачал:

6 ако е некој непорочен, маж на една жена и има деца верни, што не се укорувани за блудство или непокорност.

7 Бидејќи епископот, како Божји распоредник, не треба да е порочен, ни гневлив, ни пијаница, ни тепач, ни ла­ком за гнасна печалба,

8 туку гостољубив, доброљубив, трез­вен, справедлив, свет, воздржлив;

9 кој се придржува до вистинското слово, онака како што е научен, та да биде силен и да поучува во здравото учење, и да ги побива оние кои се противат.

Лажните учители

10 Зашто има и мнозина непокорни, празнословци и измамници, а особено меѓу обрезаните,

11 на кои треба да им се затвори устата: тие растураат цели домови, учејќи на она што не треба, поради одвратна печалба.

12 Еден од нив, нивни пророк, беше рекол: „Критјаните се секогаш лаж­ливци, зли ѕверови, мрзливи мешишта.“

13 Тоа сведоштво е вистинско. Поради таа причина укори ги строго за да бидат здрави во верата,

14 и да не слушаат јудејски бајки и за­поведи од луѓе, кои одвраќаат од вистината.

15 За чистите е сѐ чисто, а за осквернетите и неверните нема ништо чисто; напротив, ним им се осквернети и умот и совеста:

16 тие зборуваат дека Го познаваат Бога, а со делата свои Го одречуваат, бидејќи се одвратни, непокорни и неспособни за никакво добро дело.

поглавја

1 2 3