8 туку гостољубив, доброљубив, трезвен, справедлив, свет, воздржлив;
9 кој се придржува до вистинското слово, онака како што е научен, та да биде силен и да поучува во здравото учење, и да ги побива оние кои се противат.
10 Зашто има и мнозина непокорни, празнословци и измамници, а особено меѓу обрезаните,
11 на кои треба да им се затвори устата: тие растураат цели домови, учејќи на она што не треба, поради одвратна печалба.
12 Еден од нив, нивни пророк, беше рекол: „Критјаните се секогаш лажливци, зли ѕверови, мрзливи мешишта.“
13 Тоа сведоштво е вистинско. Поради таа причина укори ги строго за да бидат здрави во верата,
14 и да не слушаат јудејски бајки и заповеди од луѓе, кои одвраќаат од вистината.