11 Бидејќи се јави Божјата благодат, спасителна за сите луѓе.
12 Таа нѐ учи да ги отфрлиме нечесноста и похотите од овој свет, чесно, праведно и побожно да поживееме во овој век,
13 да чекаме да се исполни блажената надеж и да се јави славата на великиот Бог и Спасител, нашиот Исус Христос,
14 Кој се даде самиот Себе за нас, за да нѐ избави од секакво беззаконие и да нѐ очисти, та да Му бидеме народ избран, ревносен кон добри дела.
15 Ова зборувај го, советувај и изобличувај со полна власт; никој да не те презира.