5 да бидат целомудрени, чисти, добри домаќинки, благи, покорни на своите мажи, та да не се хули словото Божјо.
6 Исто така, советувај ги младежите да бидат чесни,
7 а во сѐ претстави се сам како образец за добри дела, покажувајќи чистота во учењето, нерасипаност, чесност:
8 слово здраво, без укор, та да се посрами противникот, бидејќи не ќе има да рече ништо лошо за нас.
9 Советувај ги слугите да ги слушаат своите господари, да им угодуваат во сѐ, не противречејќи им;
10 да не крадат, туку во сѐ да покажуваат добра вера, та науката на нашиот Спасител, Бог, да ја украсуваат во сѐ.
11 Бидејќи се јави Божјата благодат, спасителна за сите луѓе.