Тит 3:3-9 MK2006D

3 Бидејќи и ние некогаш бевме нера­зумни, непокорни, заблудени, бевме ро­бови на желби и на разни сладострастија, живеевме во злоба и завист, бевме одвратни, се мразевме еден со друг.

4 А кога се јави добротата и човекољубието на нашиот Спасител, Бог,

5 Тој нѐ спаси, но не според из­вр­ше­ни­те од нас праведни дела, туку по Сво­јата милост, преку бањата на преродување – и обновувањето од Светиот Дух,

6 Кого изобилно Го излеа на нас преку Исус Христос, нашиот Спасител,

7 та оправдани со Неговата благодат да станеме по надеж наследници на веч­ниот живот.

8 Верни се тие зборови; и јас сакам да го утврдуваш тоа, та оние што по­ве­ру­ва­ле во Бога, да се трудат и да се грижат за добри дела: ова е полезно и добро за луѓето.

9 А од глупави распрашувања и ро­до­словија на племињата, од препирки и рас­правии, по однос на Законот, клони се, зашто се бесплодни и празни.