1 Најпосле, браќа, бараме и ве опоменуваме во Господа Исуса, да изобилувате повеќе во она што го примивте од нас, како треба да живеете и да Му угодувате на Бога, како што и успевате во тоа.
2 Имено, знаете какви наредби ви дадовме во името на Господа Исуса.
3 Зашто, ова е Божјата волја, вашето осветување, да се воздржувате од блудство,
4 секој од вас да знае да го држи својот сад во светост и чест,
5 не во похотна страст, како народите кои не Го познаваат Бога;
6 да не престапува и го измамува својот брат во тоа, зашто за сè тоа Господ е Одмаздувач, како што ви рековме и сведочевме порано.