1 Солунците 4:10-16 MKB

10 а вие го правите тоа кон сите браќа во цела Македонија. Но, ве молиме пак, браќа, да го правите тоа уште повеќе

11 и да настојувате усрдно да живеете тихо, да ги гледате своите работи и да работите со своите раце, како што ви наредивме,

12 за да се однесувате благоприлично кон оние, надворешните и да немате потреба од ништо. За Христовото доаѓање

13 Не сакаме, браќа, да останете во незнаење за умрените, за да не жалите како другите, кои немаат надеж.

14 Зашто ако веруваме дека Исус умре и воскресна, така и умрените во Исуса, Бог ќе ги приведе со Него.

15 Зашто ова ви го кажуваме преку словото на Господа, дека ние, кои живееме и остануваме до Господовото доаѓање, нема да отидеме пред оние кои умреле;

16 зашто Самиот Господ на заповед, при глас на архангел и при Божја труба, ќе слезе од небото и мртвите во Христа ќе воскреснат прво.