1 А што се однесува за времињата и настаните, браќа, немате потреба да ви се пишува;
2 зашто самите вие добро знаете дека Господовиот Ден ќе дојде како крадец во ноќта.
3 Кога ќе речат: мир и безбедност, тогаш ненадејно ќе падне погибел на нив, како болка на трудна жена, и не ќе и избегаат.
4 Но вие, браќа, не сте во темнина - та Денот да ве затече како крадец;
5 зашто вие сите сте синови на светлината и синови на денот. Не и припаѓаме на ноќта, ниту на темнината;
6 и така, да не спиеме како другите, туку да бдееме и да бидеме трезвени;