15 Гледајте, никој никому да не враќа зло за зло, туку секогаш одете по она што е добро меѓу себе и кон сите!
16 Радувајте се секогаш!
17 Молете постојано!
18 Благодарете за сè, зашто тоа е Божја волја за вас во Христа Исуса!
19 Не гаснете го Духот!
20 Не презирајте ги пророштвата,
21 испитувајте сè, задржувајте го доброто.