18 Благодарете за сè, зашто тоа е Божја волја за вас во Христа Исуса!
19 Не гаснете го Духот!
20 Не презирајте ги пророштвата,
21 испитувајте сè, задржувајте го доброто.
22 Воздржувајте се од секоја појава на зло!
23 А Самиот Бог на мирот да ве освети наполно! И вашиот дух, и душата, и телото да се запазат беспрекорно при доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос!
24 Верен е Оној, Кој ве повикува и Кој и ќе го направи тоа.