21 испитувајте сè, задржувајте го доброто.
22 Воздржувајте се од секоја појава на зло!
23 А Самиот Бог на мирот да ве освети наполно! И вашиот дух, и душата, и телото да се запазат беспрекорно при доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос!
24 Верен е Оној, Кој ве повикува и Кој и ќе го направи тоа.
25 Браќа, молете и за нас!
26 Поздравете ги сите браќа со свет целив!
27 Ве заколнувам во Господа, ова писмо да им го прочитате на сите браќа.