8 А ние, кои му припаѓаме на денот, да бидеме трезвени, да се облечеме во оклоп на вера и љубов, и со надежта на спасение како кацига,
9 зашто Бог не нè определил за гнев, туку да придобиеме спасение преку нашиот Господ Исус Христос,
10 Кој умре за нас за да живееме заедно со Него, било да сме будни или да спиеме.
11 Затоа утешувајте се меѓусебно и надградувајте се еден друг како што и правите!
12 Ве молиме, браќа, да им дадете признание на оние, кои се трудат меѓу вас, како ваши душогрижници во Господа, и ве опоменуваат.
13 Ценете ги над сè во љубов, заради нивното дело. Живејте во мир помеѓу себе.
14 Ве молиме уште, браќа, поучувајте ги неуредните, охрабрувајте ги малодушните, помагајте им на слабите, бидете трпеливи со сите.