17 На Царот на вековите - бесмртниот, невидливиот, единствениот Бог - чест и слава во сите векови Амин!
18 Оваа заповед ти ја предавам, чедо Тимотеј, согласно поранешните пророштва за тебе: за да војуваш добра војна,
19 имајќи вера и добра совест, кои некои ја отфрлија и претрпеа бродолом на верата.
20 Меѓу нив се Именеј и Александар, кои ги предадов на сатаната, за да научат да не хулат.