1 Тимотеј 1:3-9 MKB

3 Како што те молев, кога одев во Македонија, да останеш во Ефес, за да им заповедаш на некои да не поучуваат поинаку

4 и да не обрнуваат внимание на митови и бескрајни родословија, кои повеќе ги поттикнуваат препирањата, отколку поткрепата на Божјата управа, која е по верата.

5 А целта на наредбата е: љубов од чисто срце, и добра совест и нелицемерна вера,

6 од што некои откако не ја постигнаа целта, застранија во празни зборови -

7 сакајќи да бидат учители на Законот, иако не го разбираат ни она што го зборуваат, ни она што го тврдат упорно.

8 Ние пак знаеме дека Законот е добар, ако некој го применува законски,

9 знаејќи го ова: дека законот не е воспоставен за праведникот, туку за беззакониците и непокорните, за безбожниците и грешниците, за несветите и нечистите, за убијците на татковци и убијците на мајки; за оние кои убиваат луѓе;