8 Ние пак знаеме дека Законот е добар, ако некој го применува законски,
9 знаејќи го ова: дека законот не е воспоставен за праведникот, туку за беззакониците и непокорните, за безбожниците и грешниците, за несветите и нечистите, за убијците на татковци и убијците на мајки; за оние кои убиваат луѓе;
10 за блудниците - и за мажи кои се полово изопачени, за трговците со робови, за лажливците, за лажнозаколнувачите и за сè друго што и е противно на здравата наука,
11 според славното Евангелие на блажениот Бог, кое ми е доверено мене.
12 Му благодарам на Христа Исуса, нашиот Господ, Кој ми даде сила за тоа, зашто ме сметаше верен и ме постави на служба,
13 мене, кој порано бев хулител, и гонител, и насилник. Но добив милост, зашто го правев тоа од незнаење и неверување.
14 А благодатта на нашиот Господ, со верата и љубовта изобилуваше во Христа Исуса.