1 А Духот јасно вели дека во подоцнежните времиња некои ќе отстапат од верата и ќе слушаат измамливи духови и ѓаволски учења,
2 преку лицемерството на лажливците, кои се жигосани во својата совест,
3 кои забрануваат стапување во брак и бараат воздржување од јадењата, што Бог ги создаде за да ги земаат со благодарност верните, кои ја познаа вистината.
4 Зашто секое Божјо создание е добро, и ништо не треба да биде отфрлено, ако се прима со благодарност,
5 зашто се осветува преку Божјото слово и молитвата.
6 Ако ги советуваш во ова браќата, ќе бидеш добар служител на Христа Исуса, кој се храни со зборовите на верата и на добрата наука, што ја следиш.