13 Додека дојдам внимавај на читањето, на опоменувањето и на поучувањето!
14 Не занемарувај ја дарбата која е во тебе, која ти е дадена преку пророштво, со ракополагањето на старешините.
15 Исполнувај го тоа, биди во тоа, и твојот напредок да им биде видлив на сите!
16 Внимавај на себеси и на учењето! Истрај во тоа, зашто правејќи го ова ќе се спасиш и себеси и оние кои те слушаат.