4 Зашто секое Божјо создание е добро, и ништо не треба да биде отфрлено, ако се прима со благодарност,
5 зашто се осветува преку Божјото слово и молитвата.
6 Ако ги советуваш во ова браќата, ќе бидеш добар служител на Христа Исуса, кој се храни со зборовите на верата и на добрата наука, што ја следиш.
7 А избегнувај од нечисти и бабешки приказни! Туку обучувај се во побожност!
8 Зашто телесната обука е малку полезна, а побожноста е полезна за сè, зашто има ветување за сегашниот и идниот живот.
9 Тоа е вистинско слово и достојно за полно примање.
10 Имено, затоа ние се трудиме и се бориме, зашто се надеваме во живиот Бог, Кој е Спасител на сите луѓе, особено на верните.