1 Не укорувај строго постар човек, туку опоменувај го како татко, помладите како браќа,
2 постарите жени како мајки, помладите како сестри со секаква чистота.
3 Почитувај ги вдовиците, кои се вистински вдовици.
4 Ако некоја вдовица има деца или внучиња, тие нека научат прво да покажат побожност кон своето семејство, и да им враќаат на своите родители, зашто тоа е добро и угодно пред Бога.
5 А која е вистинска вдовица и останала сама, таа ја ставила својата надеж во Бога и е постојана деноноќно во просби и молитви.
6 А онаа која живее сладострасно, жива е умрена.