1 Тимотеј 5:10-16 MKB

10 која има сведоштво за добри дела; ако ги одгледала децата, ако била гостољубива, ако им ги миела нозете на светите, ако им помагала на страдалниците; и ако одела по секое добро дело.

11 А помлади вдовици не примај, зашто кога ќе ги привлече насладата, спротивно на Христа, сакаат да се мажат,

12 со што навлекуваат врз себе осуда, зашто отстапиле од првото убедување.

13 А освен тоа, бидејќи се без работа, свикнуваат да одат по куќите. И не само без работа, туку се и зборлести и љубопитни, и зборуваат што не треба.

14 И така, сакам младите вдовици да се мажат, да раѓаат деца, да водат домаќинство, за да не му даваат на противникот никаков повод за хулење.

15 Имено, некои веќе застраниле и тргнале по сатаната.

16 Ако некој верен или верна има вдовици, нека ги помага, и нека не биде оптеретувана црквата, за да може да им помага на оние кои се вистински вдовици.