4 а кога ќе си спомнам за твоите солзи, копнеам да те видам, да се исполнам со радост;
5 кога си спомнувам за нелицемерната вера која е во тебе, која прво се наоѓаше во твојата баба Лоида и во мајка ти Евника, а уверен сум и во тебе.
6 Затоа ти напомнувам да го разгориш Божјиот дар, кој е во тебе преку возлагањето на моите раце.
7 Зашто Бог не ни даде дух на страшливост, туку дух на сила, љубов и себевладеење.
8 И така, не се срамувај од сведоштвото за нашиот Господ и од мене, затвореникот за Него, туку страдај и ти со мене за Евангелието, според силата на Бога,
9 Кој нè спаси и нè повика со свет повик, не според нашите дела туку по сопствена одлука и благодат, која ни е дадена во Христа Исуса пред вечните времиња,
10 а која сега се откри преку јавувањето на нашиот Спасител Христос Исус, Кој ја уништи смртта и ги осветли животот и бесмртноста преку Евангелието,