2 Тимотеј 1:6-12 MKB

6 Затоа ти напомнувам да го разгориш Божјиот дар, кој е во тебе преку возлагањето на моите раце.

7 Зашто Бог не ни даде дух на страшливост, туку дух на сила, љубов и себевладеење.

8 И така, не се срамувај од сведоштвото за нашиот Господ и од мене, затвореникот за Него, туку страдај и ти со мене за Евангелието, според силата на Бога,

9 Кој нè спаси и нè повика со свет повик, не според нашите дела туку по сопствена одлука и благодат, која ни е дадена во Христа Исуса пред вечните времиња,

10 а која сега се откри преку јавувањето на нашиот Спасител Христос Исус, Кој ја уништи смртта и ги осветли животот и бесмртноста преку Евангелието,

11 за кое јас сум поставен како проповедник, и апостол, и учител.

12 Заради тоа и го трпам сè ова, но не се срамам, зашто знам во Кого сум поверувал и уверен сум дека Тој може да го запази она што Му го доверив, до оној Ден.