Ефешаните 4:10-16 MKB

10 Тој Кој слезе, тоа е Оној истиот, Кој се издигна над сите небеса, за да исполни сè.

11 И Тој даде едни за апостоли, а други за пророци; едни за евангелисти, а други за пастири и учители,

12 за да се усовршат светите за делото на службата, за изградување на Христовото Тело,

13 додека сите не дојдеме до единството на верата и на познавањето на Божјиот Син, до совршениот човек, до полната мерка на Христовиот раст:

14 за да не бидеме веќе деца, кои ги лулее и ги носи секој ветар на науката, што - со човечката измама и лукавство - доведува до итро измислени заблуди.

15 Туку, говорејќи ја вистината, во љубов, ние треба да растеме во сè - кон Него, Кој е Глава, Христос.

16 Од Него целото Тело е поврзано и соединето во едно, на тој начин што секој дел дава поткрепа според една мерка на секој одделен дел; тоа прави Телото да расте за својата сопствена надградба во љубов.