Ефешаните 4:12-18 MKB

12 за да се усовршат светите за делото на службата, за изградување на Христовото Тело,

13 додека сите не дојдеме до единството на верата и на познавањето на Божјиот Син, до совршениот човек, до полната мерка на Христовиот раст:

14 за да не бидеме веќе деца, кои ги лулее и ги носи секој ветар на науката, што - со човечката измама и лукавство - доведува до итро измислени заблуди.

15 Туку, говорејќи ја вистината, во љубов, ние треба да растеме во сè - кон Него, Кој е Глава, Христос.

16 Од Него целото Тело е поврзано и соединето во едно, на тој начин што секој дел дава поткрепа според една мерка на секој одделен дел; тоа прави Телото да расте за својата сопствена надградба во љубов.

17 Ова го велам и сведочам во Господа, да не живеете веќе како што одат народите во суетата на својот ум,

18 помрачени во својот разум, оттуѓени се од Божјиот живот, заради незнаењето кое владее во нив, заради закоравеноста на нивното срце.