Ефешаните 4:13-19 MKB

13 додека сите не дојдеме до единството на верата и на познавањето на Божјиот Син, до совршениот човек, до полната мерка на Христовиот раст:

14 за да не бидеме веќе деца, кои ги лулее и ги носи секој ветар на науката, што - со човечката измама и лукавство - доведува до итро измислени заблуди.

15 Туку, говорејќи ја вистината, во љубов, ние треба да растеме во сè - кон Него, Кој е Глава, Христос.

16 Од Него целото Тело е поврзано и соединето во едно, на тој начин што секој дел дава поткрепа според една мерка на секој одделен дел; тоа прави Телото да расте за својата сопствена надградба во љубов.

17 Ова го велам и сведочам во Господа, да не живеете веќе како што одат народите во суетата на својот ум,

18 помрачени во својот разум, оттуѓени се од Божјиот живот, заради незнаењето кое владее во нив, заради закоравеноста на нивното срце.

19 Откако го изгубија чувството, тие и се предадоа себеси на разузданоста, за да прават секаква нечистота во лакомост.