17 Затоа не бидете неразумни, туку разберете што е Господова волја!
18 И не се пијанете со вино, во кое е разузданоста, туку полнете се со Духот!
19 Зборувајте си еден на другиот со псалми, и химни, и со духовни песни! Пејте Му на Господа и воспевајте Го во вашите срца!
20 Благодарете Му секогаш за сè на Бог и Таткото, во името на нашиот Господ Исус Христос!
21 Покорувајте се еден на друг во страв од Христа!
22 Жените да им се покоруваат на своите мажи, како на Господа,
23 зашто мажот е глава на жената, како што е и Христос Глава на Црквата, и Тој е Спасител на Телото!