20 Благодарете Му секогаш за сè на Бог и Таткото, во името на нашиот Господ Исус Христос!
21 Покорувајте се еден на друг во страв од Христа!
22 Жените да им се покоруваат на своите мажи, како на Господа,
23 зашто мажот е глава на жената, како што е и Христос Глава на Црквата, и Тој е Спасител на Телото!
24 И како што Црквата Му се покорува на Христа, така да им бидат и жените покорни во сè на своите мажи.
25 Мажи, љубете ги своите жени, како што и Христос ја возљуби Црквата и Се предаде Сам Себеси за неа,
26 за да ја освети, очистувајќи ја со водно капење во словото,