21 Покорувајте се еден на друг во страв од Христа!
22 Жените да им се покоруваат на своите мажи, како на Господа,
23 зашто мажот е глава на жената, како што е и Христос Глава на Црквата, и Тој е Спасител на Телото!
24 И како што Црквата Му се покорува на Христа, така да им бидат и жените покорни во сè на своите мажи.
25 Мажи, љубете ги своите жени, како што и Христос ја возљуби Црквата и Се предаде Сам Себеси за неа,
26 за да ја освети, очистувајќи ја со водно капење во словото,
27 и да ја претстави пред Себе славната Црква, која нема дамка, ниту брчка, или нешто слично, за да биде света и непорочна.