9 а плодот на Духот се состои во секаква добрина, во праведност и во вистина!
10 Испитувајте што Му е угодно на Господа!
11 И не бидете соучесници во бесплодните дела на темнината, туку подобро: прекорувајте ги!
12 Зашто е срамно да се зборува и за она што тие го вршат потајно.
13 А сè што се прекорува станува јавно преку светлината, зашто сè што станува јавно, светлина е.
14 Затоа се вели: „Стани, ти кој спиеш, воскресни од мртвите, и Христос ќе те осветли!”
15 И така, внимавајте грижливо како живеете! Не како немудри, туку како мудри;