1 Павле - апостол, испратен не од луѓе, ниту преку посредство на човек, туку преку Исуса Христа и Бог Таткото, Кој Го воскресна од мртвите -
2 и сите браќа, кои се со мене, до црквите во Галатија.
3 Благодат и мир на вас од Бога, нашиот Татко, и од Господа Исуса Христа,
4 Кој се даде Себеси за нашите гревови, за да нè избави од сегашниот лукав век, по волјата на нашиот Бог и Татко!
5 Кому е слава во сите векови. Амин!