2 и сите браќа, кои се со мене, до црквите во Галатија.
3 Благодат и мир на вас од Бога, нашиот Татко, и од Господа Исуса Христа,
4 Кој се даде Себеси за нашите гревови, за да нè избави од сегашниот лукав век, по волјата на нашиот Бог и Татко!
5 Кому е слава во сите векови. Амин!
6 Се чудам дека така брзо се одвратувате од Оној, Кој ве повика во Христовата благодат, и преминувате кон друго евангелие,
7 кое не е друго, само има некои, кои ве збунуваат и сакаат да го изопачат Христовото Евангелие.
8 Но ако и ние, или ангел од небото, ви проповеда друго евангелие, различно од она што ви го проповедавме, да биде проклет!