Галатите 2:10-16 MKB

10 само да си спомнуваме за бедните, за истото, што и ревнував да го правам.

11 А кога Кифа дојде во Антиохија, му се спротивставив во лице, зашто требаше да биде осуден.

12 Имено, пред да дојдат некои од Јакова, тој јадеше со многубошците, но кога дојдоа овие, тој се повлече и се отстрани, заради страв од обрезаните.

13 И дволичеа со него и другите Јудејци, така што нивното лицемерство го заведе и Варнава.

14 Кога видов дека не одат право според вистината на Евангелието, му реков на Кифа пред сите: „Ако ти, кој си Јудеец, живееш како народите; а не јудејски, како можеш да ги принудуваш народите да живеат јудејски.

15 Ние сме по раѓање Јудејци, а не грешници од народите.

16 Но бидејќи знаеме дека човекот не се оправдува од делата на Законот, туку само преку верата на Исуса Христа, и ние поверувавме во Христа Исуса, за да се оправдаме од верата во Христа, а не од делата на Законот ; зашто од делата на Законот нема да се оправда ниту еден човек.