5 На кои не им отстапивме ни за час, ниту им се покоривме, за да остане со вас вистината на Евангелието.
6 А што се однесува за оние, кои беа сметани за видни, какви и да биле некогаш, мене ми е сеедно; Бог не гледа на човековото лице - тие видните ништо не ми придадоа.
7 Туку, напротив, кога видоа дека мене ми е поверено Евангелието меѓу необрезаните, како на Петар меѓу обрезаните -
8 зашто Оној, Кој го оспособи Петра за апостолство меѓу обрезаните, ме оспособи и мене за паганските народи -
9 и кога ја познаа благодатта, што ми е дадена, Јаков, Кифа и Јован, кои беа сметани за столбови, ни ги дадоа, мене и на Варнава, десниците во знак на заедништвото; за да одиме ние до паганските народи, а тие до обрезаните;
10 само да си спомнуваме за бедните, за истото, што и ревнував да го правам.
11 А кога Кифа дојде во Антиохија, му се спротивставив во лице, зашто требаше да биде осуден.