Даниел 1:10-16 MKB

10 Началникот му рече на Даниела: „Се плашам од својот господар царот; тој ви одреди јадење и пиење, па ако види дека вашите лица се помршави отколку во другите момчиња од ваша возраст, јас ќе бидам виновен заради вас пред царот.”

11 Тогаш Даниел му рече на чуварот, кого старешината на придворниците им го беше одредил на Даниела, Ананија, Мисаила и Азарија:

12 „Те молам, обиди се со своите слуги десет дни: нека ни даваат зеленчук за јадење и вода за пиење.

13 Тогаш ќе видиш какви ќе бидеме ние а какви момчињата кои јадат од царските јадења, па направи со своите слуги според она што ќе видиш.”

14 Тој се согласи и ги остави на испитување десет дни.

15 А по десет дена тие беа поубави и позгоени отколку момчињата кои јадеа од царските јадења.

16 Оттогаш чуварот ги прекрати нивните јадења и дажбата вино што требаа да го пијат, та им даваше зеленчук.