12 „Те молам, обиди се со своите слуги десет дни: нека ни даваат зеленчук за јадење и вода за пиење.
13 Тогаш ќе видиш какви ќе бидеме ние а какви момчињата кои јадат од царските јадења, па направи со своите слуги според она што ќе видиш.”
14 Тој се согласи и ги остави на испитување десет дни.
15 А по десет дена тие беа поубави и позгоени отколку момчињата кои јадеа од царските јадења.
16 Оттогаш чуварот ги прекрати нивните јадења и дажбата вино што требаа да го пијат, та им даваше зеленчук.
17 На овие четири момчиња Бог им даде знаење и разбирање на сите книги и мудрости. Даниел ги разбираше виденијата и соништата.
18 Откако се исполни времето одредено од царот за да му ги доведат, старешината на придворниците ги воведе пред Навуходоносора.