Даниел 1:6-12 MKB

6 Меѓу нив беа Јудејците: Даниел, Ананиј, Мисаил и Азариј.

7 Старешината на придворниците им даде имиња: Даниел ќе се вика Валтазар, Ананиј Седрах, Мисаил Мисах, Азариј Авденаго.

8 Даниел одлучи во срцето дека нема да се оскверни со царските јадења и со виното од неговиот стол, па го замоли дворскиот старешина да го поштеди та да не се оскверни.

9 Господ му даде на Даниела та најде благонаклоност и милост кај старешината на придворниците.

10 Началникот му рече на Даниела: „Се плашам од својот господар царот; тој ви одреди јадење и пиење, па ако види дека вашите лица се помршави отколку во другите момчиња од ваша возраст, јас ќе бидам виновен заради вас пред царот.”

11 Тогаш Даниел му рече на чуварот, кого старешината на придворниците им го беше одредил на Даниела, Ананија, Мисаила и Азарија:

12 „Те молам, обиди се со своите слуги десет дни: нека ни даваат зеленчук за јадење и вода за пиење.