Даниел 11:39-45 MKB

39 Ќе навали на тврдините на градовите со помош на туѓ бог: оние кои ќе го признаат него ќе ги опсипе со почести и ќе им даде власт над мноштвото и ќе им дели земја за награда.

40 Во времето на свршетокот царот од Југ ќе завојува со него; царот од Север ќе нападне против него како виор со своите коњи, со своите коњаници и со многу свои бродови. Ќе навлезе во земјите и ќе помине низ нив како поплава.

41 Ќе навлезе во Прекрасната Земја и мнозина ќе паднат. На неговите раце ќе им избегаат Едом и Моав и главнината на Амоновите синови.

42 Ќе ги испружи своите раце по земјите: Египет нема да му избега.

43 Тој ќе ги освои: златното и сребреното благо и сите скапоцености на Египет и Либијците.

44 Но и Етиопците ќе го следат. Ќе го вознемируваат вестите од исток и од север та ќе тргне многу гневен за да го уништи и затре мноштвото.

45 Ќе ги постави своите дворски шатори меѓу морето и Славната Света Гора. Ама и нему ќе му дојде крајот и никој не ќе му помогне.