Даниел 12:3-9 MKB

3 Разумните ќе блескаат како сјајниот небесен свод, и кои ги учеа мнозината на праведност, како ѕвезди довека, во сета вечност.

4 А ти, Даниеле, пази ги во тајност овие зборови и запечати го овој книжен свиток до времето на свршетокот!”

5 Јас, Даниел, погледнав кога ете: други двајца стоеја едниот од едната, другиот од другата страна на реката.

6 Едниот го праша човекот облечен во ленена облека, кој стоеше над водите на реката: „Кога ќе дојде крајот на тие чудеса?”

7 Го чув човекот облечен во ленена облека, кој стоеше над водите на реката; тој ги подигна кон небото десницата и левицата колнејќи се во вечно Живиот. „По едно време, по две времиња и по половина време - кога ќе дојде крајот на распад на силите на светиот народ - сè тоа ќе сврши.”

8 Јас слушнав, ама не разбрав, па прашав: „Господару, како ќе сврши тоа?”

9 Тој рече: „Оди Даниеле, овие зборови се тајна и запечатени се до времето на свршетокот, зашто многумина ќе испитуваат и знаењето ќе се намножи.