Даниел 12:7-13 MKB

7 Го чув човекот облечен во ленена облека, кој стоеше над водите на реката; тој ги подигна кон небото десницата и левицата колнејќи се во вечно Живиот. „По едно време, по две времиња и по половина време - кога ќе дојде крајот на распад на силите на светиот народ - сè тоа ќе сврши.”

8 Јас слушнав, ама не разбрав, па прашав: „Господару, како ќе сврши тоа?”

9 Тој рече: „Оди Даниеле, овие зборови се тајна и запечатени се до времето на свршетокот, зашто многумина ќе испитуваат и знаењето ќе се намножи.

10 Мнозина ќе се очистат, ќе обелат и ќе се испитаат; а безбожниците и натаму ќе бидат безбожни; безбожниците нема да се вразумат, а умните ќе разберат.

11 Од часот кога ќе биде укината секојдневната жртва и поставена грозноста на запустувањето: илјада двеста и девеесет денови.

12 Блазе му на оној кој ќе дочека и ќе стигне до илјада триста триесет и пет денови!

13 А ти оди си и одмори се; ќе станеш да го примиш своето наследство на крајот на деновите.”