1 Во втората година на Навуходоносоровото владеење, Навуходоносор сонуваше сон: неговиот дух се вознемири заради тоа и сонот го остави.
2 Царот нареди да бидат повикани волшебниците и гаталците, проколнувачите и ѕвездарите за да му го протолкуваат сонот на царот. И така, дојдоа та застанаа пред царот.
3 Царот им рече: „Сонував еден сон, и мојот дух се возбуди од желбата да го разберам сонот.”
4 Халдејците му одговорија на царот на арамејски: „О цару, жив да си довека! Раскажи им го својот сон на своите слуги, а ние ќе ти го откриеме неговото значење.”