Даниел 2:10-16 MKB

10 Халдејците одговорија пред царот: „Нема човек во светот кој би можел да му открие нешто такво на царот. И затоа ниеден цар, ма колку да е голем и силен, не бара такво нешто од волшебниците, гаталците или ѕвездарите.

11 Тоа што го бараш, цару, тешко е, и нема никој што би можел да му го открие тоа на царот освен боговите, кои не живеат меѓу смртниците.”

12 Тогаш царот се разгневи многу и се налути та нареди да ги погубат сите вавилонски мудреци.

13 Откако беше објавена наредбата за да бидат убиени мудреците ги побараа Даниела и неговите другари за да ги погубат.

14 Но Даниел му се обрати со мудри и умни зборови на Ариох, заповедникот на царските телохранители, кој одеше да ги погуби вавилонските мудреци.

15 Тој му рече на Ариох, царскиот заповедник: „Зошто царот издаде толку строга наредба?” Ариох му раскажа на Даниела,

16 а Даниел отиде кај царот и го замоли да му даде време та ќе му го протолкува сонот.