16 а Даниел отиде кај царот и го замоли да му даде време та ќе му го протолкува сонот.
17 И Даниел влезе во својата куќа та им кажа сè на Ананиј, Мисаил и Азариј, на своите другари,
18 за да молат милост од Небесниот Бог заради таа тајна, за да не загинат Даниел и неговите другари со другите вавилонски мудреци.
19 И му се јави тајната на Даниел во ноќно видение. А Даниел го благослови Небесниот Бог.
20 Даниел го прифати словото и рече: „Божјото име да биде благословено одвека довека, Негова е мудроста и силата.
21 Тој ги менува добата и времињата, ги руши и ги поставува царевите, им дава мудрост на мудрите, а знаење на проницливите.
22 Тој ги открива длабочините и тајните, знае што е во темнините и светлината живее во Него.