Даниел 2:2-8 MKB

2 Царот нареди да бидат повикани волшебниците и гаталците, проколнувачите и ѕвездарите за да му го протолкуваат сонот на царот. И така, дојдоа та застанаа пред царот.

3 Царот им рече: „Сонував еден сон, и мојот дух се возбуди од желбата да го разберам сонот.”

4 Халдејците му одговорија на царот на арамејски: „О цару, жив да си довека! Раскажи им го својот сон на своите слуги, а ние ќе ти го откриеме неговото значење.”

5 Царот одговори и им рече: „Мојата одлука е неотповиклива: ако не ми кажете што сум сонувал и што значи сонот, ќе бидете раскинати во делови, а вашите куќи ќе станат гноиште.

6 Но ако ми го откриете мојот сон и неговото значење ќе добиете од мене дарови и поклони и големи почести. И така откријте ми што сонував и што значи сонот.”

7 Тие одговорија: „Царот нека им го каже сонот на своите слуги, а ние ќе му го откриеме неговото значење.”

8 А царот рече: „Јас знам добро дека сакате да добиете во време, зашто знаете дека мојата одлука е неизменлива.