Даниел 2:30-36 MKB

30 Иако немам мудрост повеќе отколку другите смртници, таа тајна ми е откриена само затоа за да му го соопштам на царот нејзиното значење и за да ги запознаеш мислите на своето срце.

31 О, цару, ти имаше привид: Ете, кип, голем кип, многу блескав стоеше пред тебе, страшен за очи.

32 Главата на кипот беше од чисто злато, градите и рацете од сребро, стомакот и бедрата од бронза,

33 нозете од железо, а стапалата делумно од железо, делумно од глина.

34 Ти набљудуваше: одненадеж се одвали камен а да не го допре рака, па удри во кипот, во стапалата од железо и глина, та го скрши.

35 Тогаш наеднаш се здроби железото и глината, бронзата, среброто и златото, и сè стана како плева на гумно лете, и ветерот го однесе сето без трага. А каменот што удри во кипот стана голема гора та ја наполни сета земја.

36 Тоа беше сонот; а неговото значење ќе го кажеме пред царот.”